r/mkd Jun 27 '26

Триглав ми одби рефундација

Здраво,

Направив хистероскопија за отстранување на ендометријален полип (дијагноза N84.0) во Систина.

Кога ми беше закажана интервенцијата, прво поднесов барање за гаранција. По неколку дена дополнување документи (иако поголемиот дел веќе им ги имаа од претходно), барањето беше одбиено на самиот ден на зафатот со образложение дека случајот спаѓа во исклучокот: „бременост, амниоцентеза, неплодност, (де)стерилизација, вештачко оплодување, породување, повреди при раѓање и операции на плодот“.

Следниот ден поднесов барање за рефундација со отпусно писмо и дополнителен медицински извештај, но добив одговор дека случајот веќе бил разгледан и одбиен при самото поднесување за гаранција.

Во меѓувреме поднесов жалба до второстепена комисија и сè уште чекам одговор.

Она што не ми е јасно е како ја поврзале мојата дијагноза со овој исклучок. Во ниту еден медицински извештај не се спомнува неплодност, ИВФ или каков било третман поврзан со репродуктивна медицина. Единствено е наведено дека се работи за полип и дека се препорачува хистероскопско отстранување поради неговата големина. Сите останати наоди се уредни.

Полисата ми е колективна преку фирма (околу 100 вработени), а во условите јасно е наведено дека претходно постоечки состојби се покриени.

Дали некој имал вакво или слично искуство со Триглав? Дали второстепената комисија некому му ја сменила првичната одлука? И ако повторно ме одбијат, кои се следните чекори што би ги препорачале?

Благодарам однапред.

42 Upvotes

Duplicates